Thursday, June 23, 2005

3, 2, 1, GO

Not your average fantasy....

<>Дали сите ние имаме внатрешни гласови и дали понекогаш не излудува тоа второ јас, она обратното од нас?- МБ

Сте се чуствувале ли некогаш како да сте загледани во вазна, а сепак гледате право низ неа, кога мозокот ви е Blanc lе Blanc, односно таму горе ништо не се случува во моментот на случување, знаете, само си седите таму, зјапате во вазната и тоа е тоа. Така и Лесло Кларк беше во моментов на некоја друга планета, што би се рекло, иако физички тој е сеуште во својата канцеларија на 105 кат. Не е тоа обична канцеларија, пријателе, тоа е канцеларија на горниот менаџмент, знаете оние луѓе кои не се на врвот во одборот на директори, ниту пак се оние кои имаат секојдневен контакт со вработените во Хобсон (произвоните хангари). Е таквите менаџери имаат убави канцеларии, над 100-тиот кат во зградата на Канал стрит со прекрасен поглед на остатокот од Lower Manhattan. Значи да заклучиме, додека Лесло паси овци на некоја фарма, во просторија од 15 м2 има една голема маса со боја на махагони, знаете онаа прекрасна, кафена боја со чуден сјај, после по некој кабинет каде се чува документација, исто така махагон- се разбира не правиот, но добра копија, маме му ебам - и на крај да не давиме многу, еден убав бар со вашиот секојдневен избор на вискија и ликери.

Но што се случува со нашиот Лесло?

-Троп троп на вратата-

Нема одговор,

Вратата се отвора, и една женска глава во нејзините 30-ти, со пудра на лицето –премногу пудра - и некаква темна сенка на очите се разбира, а да, и со костенлива коса- онака пеглена како што тоа обично го прават жените.

“Господине Кларк, ве бараат на трета линија, од прееска ви ѕвонам.„

Нема одговор,

„Г-дине Клааарк?“

Боже колку лигаво звучи женичкава. Сега низ вратата ѕирка срамемежливо и една висока нога, уууу, со мрежести хулахопки, курвински, ама мене ми се допаѓа. Ова не мириса на добро. Овде има нешто, а Леси- може така да го викам нели- не ми кажува ништо, стар волк, или стар лисец, како пивото. Леси па нели имаше ти жена и две деца? Упс не требаше да го кажам тоа.

„Кажи Лара!“

„Па ви реков некој ве бара на..“

„Ти реков никој да не ме вознемирува во..“

Пауза. Во следниот момент Лара го отсекува исто како што и он ја отсече, и она е волк, баш ми се допаѓаат такви жени или во случавов да речеме –секретарки.

„Кларки, не ми кажа такво нешто и ти добро го знаеш тоа. Впрочем што ти е тебе денес, да не ти умре кучето“.

Сега Лара- секретарката- е влезена внатре во 15м2 канцеларија, и wow, kakvo telo, браво Леси, добра пизда за курварање што би рекол. И плус Кларки те вика, ха, баш како што те вика ќерка ти дома, Кларкииии- татичко.

„Престани! Излези ми од глава“

УУУУУ Кларки не слуша нели, и конечно му текна да се врати од седмото небо. Сега го имам твоето внимание, а?. Знаеш и така и така, немаше да можеш да бегаш од мене бесконечно. Сите мои, да ги наречам пациенти, кога тогаш се враќаат, како беше онаа поговоркана: Дошла маца на вратанца. Исто е и со тебе Леси. Вие луѓето имате толку прости животи..

„Кларк?! Дали си во ред“

Кларк не ти одговара, зафатен е сега, збори на телефон со африка.

... значи толку прости животи, предвидливо Леси, дома жена чисти, ти работиш, она чува деца и се надева секоја вечер дека ќе ја легнеш за да се чуствува малку подобро, за да го види сонцето на крајот од облачниот ден како што викаат (Лесли поцрвенува од лутина, но „стварта“ не го забележува тоа), а ти се дупиш со секретарката – ммм добро парче Леси момче – по малку работиш, земаш голема плата, на жена ти не и смета да седи дома- така ја научиле нејзините, приглупичка е а?, а ти радо трошиш пари и на неа и на децата, а она сака дома да си седи со децата, сака да си го сака мажот, а сака и он неа да ја љуби, а ти ја дупиш секретарката Леси-бој, а жена ти мисли дека ти е некоја фаза - знаеш она што не ја легнуваш, приглупичка е нели, а ти....

„ДОООстА! НЕЕЕЕЕЕЕее, излезииии,“

Лесли го зема тегот за хартија и замавнува. Тегот пролетува од левата страна на Лара, малку фалеше да ја удри во рамото (рамо!-голема работа) и завршува во сликата на Моне, добро де -евтина репродукција на Моне, и наеднаш гласен звук на кршење на стакло, една секретарка која вришти, и таму некаде надвор на некои 20м од Леси и Лара, во друга просторија, зачудени лица, погледи еден во друг. Сите таму си го поставуваат истото прашање: Што тоа се случува во канцеларијата на г-дин Кларк, така му беше името? Но овие луѓе немаат врска со нас. Ќе поминат добри две минути додека некој не прати некого да видат што се случува таму, барем така си мисли „створењето“ -мм без име- во оваа секунда ипол потрошено време.

Назад во канцеларијата Лара стои вчудоневидено, веќе не вришти, како што знаат жените да вриштат со нивниот high piched глас. Сега го гледа Кларк. А тој, тој фрла листови хартија на секаде, го турна мониторот од масата од лажен махагони, мониторот паѓа, паѓа и доле нормално се крши со електричен звук и со некоја искра или две. Лара пак вриснува, но кратко овој пат, фала богу. Лесли ја зема столицата ја мава од ѕид, следно се фаќа за еден од оние ормари и го турка, или барем се обидува да го преврти на земја, со два збора: Кларки одлепи. Па народе седнате си лагодно во вашите столици, зашто шоуто само што започна.

„Лесли што ти е, смири се, смири се, КЛАРК! Што ти е човече?“ Кларки не и обрнува внимание.

FIn

Изгледа недовршено, но целта ми беше да се концентрирам на еден state of mind, и да си ги пробам пишувачките способности.

Марко Boj.

0 Comments:

Post a Comment

<< Home